Влатко Ивановски: Станарите на Голден Арт немаат никаква потреба од грижа

По серијата земјотреси што ги почувствуваа скопјани во изминативе два дена, очекувана беше панична реакција.

Разговаравме со Влатко Ивановски, проектантот на зградите на Голден Арт, кој зад себе има преку 1.000 сработени проекти низ цела Македонија и важи за еден од најквалитетните и најискусни градежни инженери.

„Станарите во објектите на „Голден Арт“ треба да се чувствуваат сигурно бидејќи објектите се работени според највисоки стандарди и марката на бетон што се користи е 30% поцврста од регуларно пропишаната марка, што дава дополнителна цврстина на објектот“, вели Ивановски, градежен инженер статичар.

За ова и за други теми поврзани со скорешните земјотреси во следното видео од нашата фејсбук страна.