„Запознај го својот сосед“ – среќен почеток во GA03

IMG_4830 copy

Нема ништо поубаво од среќен почеток!

Првиот ден од јуни за нас претставуваше почеток на едно убаво пријателство со семејствата сопственици на станови во GА03, а за нив пак, почеток на нова приказна во нивниот дом од соништата.

Коктел забавата која ја организиравме на 01.06.2016 под мотото „Запознај го својот сосед“, беше шанса станарите да земат здив од обврските, да ги запознаат своите соседи, да се дружат и забавуваат, како и да разговараат со целиот тим на Golden Art. Дури ни дождот не успеа да ја расипе атмосферата! 😀

Објектот, кој се состои од 85 станови со површина од 35-80m², ги исполнува сите услови за енергетска класа А, па освен цврстината, квалитетот и естетиката, ќе им овозможи на сопствениците и најниска енергетска потрошувачка во текот на целата година.

Бидејќи среќата и безбедноста на нашите станари ни е најважна, на сите сопственици на становите им подаривме Premium пакет домаќинско осигурување од компаниjata WINNER.

Доколку сакате да дознаете како се одвиваше целиот процес на изградба на GA03, кликнете тука.

Им благодариме на сите кои беа присутни вчера, а на станарите им посакуваме среќата во новиот дом да трае со генерации!