Ѕид од цигли- Детаљ во домот кој одговара на секој стил

Еден од трендовите кој полека, но сигурно го освои светот е ѕидот од цигли и стана омилена декорација во однос на ентериерот.

Циглите се природен материјал кои со својата нијанса и текстурата, му даваат неверојатна топлина на секој простор каде што се инкорпорирани. Покрај тоа се одличен топлински и звучен изолатор и нивното поставување е прилично лесно.

Без разлика дали станува збор за модерен простор или простор уреден во медитерански, скандинавски или индустриски стил, нема да погрешите доколку се решите за ѕид од цигли.

Циглите може да ги ставите во секој дел од домот – на ѕидот во ходникот, дневната соба, спалната, кујната, тоалетот, па дури и во детските соби.

Тие се евтин и истовремено одличен начин да внесете доза на стил и динамичност во домот. Во продолжение ви ги издвоивме нашите омилени ентериери со ѕидови од цигла кои може да ви послужат како инспирација при уредувањето на вашиот нов дом.