Студенти, ви благодариме!

1-01

Студентите нè избраа, а STUBRAND Macedonia ни ја додели сертификацијата STUBRAND 2016 со што станавме прва и единствена градежна компанија во Република Македонија која го добива ова престижно признание за компанија со највисока општествена одговорност!

Истражувањето кое го спроведе STUBRAND Macedonia ја мереше перцепцијата за имиџот на вкупно 405 брендови во 19 различни категории кај студентската популација.

Драги наши, ви благодариме и ви ветуваме дека ќе продолжиме да работиме деноноќно за да ја оправдаме довербата на секој еден од вас. Оваа награда ни е особено драга бидејќи доаѓа токму од студентите!