Второ признание „Македонски Квалитет 2016“ за Golden Art – Квалитетот се одржува само со посветеност!

makedonski-kvalitet1-696x436

 

Има денови во годината кои ни се особено драги. Денес е токму таков ден.

Golden Art по вторпат е добитник на признанието „Македонски Квалитет“, кое секоја година го доделуваат Кабинетот на Претседателот на Р. Македонија и Сојузот на стопански комори (ССК). Вторпат – за двапати поголема среќа!

На настанот кој се одржа на 02.12.2016 наградата ја прими нашиот генерален Директор Ивица Јакимовски кој изјави „Минатогодишното признание ни беше убав показател дека дека сме на вистинскиот пат. Дополнително мотивирани продолживме оваа година и ете, повторно се наоѓаме меѓу малкуте компании почестени со ова признание. Квалитетот се одржува само со посветеност, а ние сме максимално посветени на тоа секому да му градиме дом, не само стан”.

ДОМ. Не само стан.“ е мотивот кој постојано ни дава сила и енергија да се посветуваме на изградбата на секој нов објект. За таа цел,  покрај себе собравме тим кој работи како едно и кој, пред сè, работи со љубов.

Оваа награда им ја посветуваме ним, но и Вам драги клиенти, бидејќи не постои поголема награда од Вашата доверба!