Неколку совети како лесно да заштедите електрична енергија

Високите сметки за струја, особено во зимските месеци можат сериозно да влијаат на вашиот буџет. Летниот период пак е време кога се оди на одмори и поголемиот дел од времето не сте дома, но сепак сметката за струја повторно си доаѓа на крајот на месецот. Покрај стандардните препораки за заштеда како исклучување на светлата кога просторијата е празна, замената на старите светла во домот со компактни флуоресцентни светла или LED и слично, преку овие практични совети, ќе се обидеме да ви помогнеме да заштедите пари на електрична енергија во секој период од годината.

Во лето:

  • Наместете ја температурата на вашиот клима уред меѓу 23°C и 26°C, а доколку станот е со ориентација на север, можеби ќе можете да се разладите и со вентилатори.
  • Навлечете ги завесите и спуштете ги ролетните во текот на денот поготово доколку не сте дома. Ноќе кога температурата ќе се намали, отворете ги прозорците за да помогнете да излезе топлиот воздух.
  • Кога одите на летен одмор исклучете ги сите електрични апарати од штекерите. Иако не се активно уклучени, самото тоа што се поврзани со струја, троши електрична енергија.
  • Доколку имате машина за сушење алишта, избегнувајте да ја употребувате во лето. Наместо тоа, закачете ги вашите алишта да се исушат природно и со тоа дополнително ќе спречите развивање на повисока температура во просторијата каде што ви се наоѓа машината

Во зима:

  • Наместете ја температурата на греењето меѓу 18 ºC и 21ºC. Секој степен на повисока температура може да додаде 15 проценти на вашата сметка за греење.
  • Навлечете ги завесите, спуштете ги ролетните и затворете ги вратите, за топлината да не ви бега надвор.
  • Облекувајтe се во потопла облека, па дури и кога сте дома.
  • Проветрувајте го домот, навечер пред да си легнете. Така ќе спречите да ви се олади просторијата во текот на денот кога сте дома и треба да ви биде топло, а спиењето во поладна просторија си има и свои здравствени придобивки.

Купувачите на станови во Golden Art, со самото купување стан штедат, бидејќи секој Golden Art дом припаѓа на енергетски ефикасните објекти од класа А. Што значи тоа? Тоа значи дека сопствениците на Golden Art домови имаат пониски сметки за греење и ладење во текот на целата година, поголема заштеда, како и пријатна и здрава средина за живеење.

Сето ова го постигнуваме со помош на внимателно испланираниот систем за градба Golden Art, во кој спаѓаат само првокласни материјали, од реномирани производители. Повеќе за системот може да дознаете тука, како и на една од нашите едукативни работилници, кои успешно ги организираме веќе над 5 години. Пријави се на 071 и 075/225-888, секој работен ден до 16:00 часот – присуството е бесплатно!