Бајка обоена во нијанси на беж: @takemehomecedarroad плени со елеганција

Доколку вие, како и ние, сте вљубени во светлина и комфор, денешниот дом кој го одбравме како инспирација ќе ве воодушеви. Не се работи за ултрапопуларен Instagram профил, но дефинитивно вреди да се впише @takemehomecedarroad во полето за пребарување 🙂

Беж ѕидови, природно дрво, светла керамика и мебел, катчиња организирани до перфекција и интересни DIY идеи за освежување на старите детали се она што секојдневно плени низ профилот на Лорен и нејзиното семејство.

Уживајте во фотографиите!