Дневникот на една зграда: GA08, Аеродром

GA_08_naslovna_02 (1)

Општи податоци

Адреса: Ул. „Методија Шаторов – Шарло“ бр. 17

Број на влезови: 2

Катност: Приземје + 9 + поткровје

Избор на површина на станови: 38m², 42m², 43m², 46m², 52m², 55m², 57m², 59m², 72m².

Со цел да Ви го направиме попрегледен и подподостапен процесот на изградба, за Вас го создадовме овој “Дневник” кој низ видеа и фотографии ќе Ве води низ најновите информации за проектот секоја недела.

Преглед на понудата може да погледнете тука.

05.12.2018

27.11.2018

Лепење графитен стиропор на источната страна од објектот. Се работи на внатрешна ѕидарија на 6 кат. Во двата влеза се прават дупки за одвод во купатило. Започнавме со поставување на крила за прозори.

20.11.2018

Се ѕидаат надворешните ѕидови на 5-ти кат, а на 3-ти кат ги местиме лајсните на столбовите и гредите. На прв кат во тек е сечење и припрема за поставување кабли.

На источната страна се поставува графитен стиропор.

09.11.2018

Се монтираат рамки за прозорци од реномираниот производител Rehau. Се лепи графитен стиропор на надворешните ѕидови. При крај сме со ѕидање на внатрешните ѕидови на 3-ти кат, наскоро започнуваме со работа на 4-ти кат.

03.11.2018

19.10.2018

Се ѕидаат надворешните ѕидови со Nexe термо блок на 8-ми кат, а на приземје во бањите се прават дупки за развод на одводите.

04.10.2018

27.09.2018

Продолжуваме со поставување на скеле околу објектот за изработување на фасадата. Со внатрешната ѕидарија го завршуваме 1-от кат и продолжуваме со ѕидање на надворешните ѕидови на 5-ти кат. Се уште се работи на кровната конструкција

21.09.2018

Се ѕидаат внатрешните ѕидови на 1-ви кат. Ја изработуваме кровната конструкција, а се работи и на монтажа на скеле за фасада.

12.09.2018

Ја комплетиравме надворешната ѕидарија до 4-ти кат и започнавме со работа на внатрешната ѕидарија на приземје со термо блокот „Нексе“. Се работи на припрема за бетонирање на кровната плоча.

05.09.2018

Во моментов работиме на неколку позиции, на 4 кат се работи на надворешната ѕидарија, додека во тек е и полнење со бетон на столбовите кон кровната плоча. Наскоро ќе започнеме и со внатрешна ѕидарија со термо блок „Нексе“.

31.08.2018

Оваа недела во тек е шелување на плочата кон 10-ти кат. Започнавме со надворешната ѕидарија на 4-ти кат. Се спроведува инсталацијата за парно.

23.08.2018

Во тек е припрема за бетонска плоча на 9-ти кат. Со Nexe термо блокови се ѕидаат надворешните ѕидови на 3-ти кат.

17.08.2018

25.07.2018

Во тек се подготовки за бетонирање на плочата за 7-ми кат. Ова се најновите фотографии од оваа недела:

17.07.2018

Oваа недела ја подготвуваме за бетонирање плочата за 6-ти кат

11.07.2018

03.07.2018

Работите се одвиваат по посакуваното темпо, во моментов се работи на шелување на столбови и ѕидни платна за плоча кон четврти кат.

26.06.2018

Во тек е шелување на столбови и ѕидни платна за плоча за вториот кат.

20.06.2018

Оваа недела ја бетонираме плочата за првиот кат! Продолжуваме со исто темпо нагоре!

15.06.2018

06.06.2018

Во тек е армирање и шелување на плоча на ниво 0 и ниво 0,7.

30.05.2018

Во моментов се работи на шелување, армирање и бетонирање на столбови и на ѕидни платна.

23.05.2018

Оваа недела ја бетонираме плочата на ниво -1, продолжуваме понатаму!

17.05.2018

Во тек е шелување и армирање на бетонската плоча на ниво -1, одиме нагоре!

08.05.2018

Се подготвуваме за поставување плоча на ниво -1.

03.05.2018

Се работи на поставување на ѕидни платна на објектот.

25.04.2018

Активно работиме на поставување темелни греди и темелни стопи.

20.04.2018

Ги поставуваме темелите на новиот објект! Наскоро, на оваа локација ќе се издигне нова убавица од Golden Art низата, со истите стандарди и истата грижа за секој милиметар од просторот како и досега. Бидејќи заслужувате дом. Не само стан.

12.04.2018

Започнавме со ископување на просторот за новиот станбен објект GA08.