Golden Art поблиску до тебе – Покрај Viber и Whatsapp, воведуваме нова алатка за видео-состаноци!

 

Почитувани, ве известуваме дека: 

Од 16.03.2020, со цел да придонесеме за безбедноста на нашата држава и за заштитата од ширење на болеста Covid-19, сите алатки на Golden Art ќе Ви бидат достапни од удобноста на вашиот дом!

Периодов, од клучна важност е строго да се држиме до препораките од надлежните и да останеме дома. Бидејќи знаеме дека за многумина од вас, решавањето на станбеното прашање е навистина важна одлука, сите наши услуги ќе бидат достапни и онлајн. Досега бевме достапни на Viber и Whatsapp, но од оваа недела воведуваме и посебен програм за видео-состаноци, со цел сите информации да можете да ги добиете без да излезете од дома.

Воедно, во сите наши објекти веќе се поставени средства за дезинфекција, како и упатства за заштита, па апелираме до сите станари совесно и одговорно да се однесуваат додека трае ризикот од ширење на епидемијата.

За да закажете видео-состанок, јавете ни се или пишете ни на 071/225-888 (+Viber) или 075/225-888 (+Viber, Whatsapp), или пишете ни на нашиот Facebook или Instagram профил, нашиот тим ќе Ви ги даде потребните информации за состанокот.

Останете безбедни и чувајте се!

Golden Art
Дом. Не само Стан.