Шведски стан во бело, сиво и розово

За нашата најнова дизајн инспирација, се враќаме во Скандинавија: преубав стан во шведскиот град Гетеборг.

Ова светло, просторно катче веднаш ни го привлече вниманието поради свежата палета на бои, која комбинира светли, бели ѕидови и паркет со нежни сиви нијанси и розови детали. Просторот сепак делува удобно и топло, благодарение на многубројните текстури и принтови, меѓу кои меки волнени теписи, перничиња со риги, плетени ќебенца.

Ходникот има иновативни отворени полици кои обезбедуваат простор за складирање, но истовремено и светлина да доаѓа од прозорците кон ходникот кој нема друг извор на природна светлина.

Галеријата во дневната соба навистина ни се допаѓа бидејќи ја одразува комбинацијата на бои на целиот стан, но и го прикажува делото на данскиот уметник Силке Бонде. А во спалната – кој не би сакал (возрасен или дете) да има шатор во својата соба?

Погледнете ја галеријата: