Историја


Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад.
Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија.

Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 70 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

Од основањето во 2005 година до денес, остануваме доследни на својата цел, мисија и визија – да се изгради бренд во градежништвото кој ќе постави нови стандарди во полето на високоградбата, ќе претставува синоним за квалитет и ќе се грижи за општеството и своите клиенти.

Овие цели не водеа низ досегашното работење и низ 15-годишното опстојување на пазарот, и претставуваат главниот мотив да прераснеме во единствена компанија во Македонија која во изведбата на високоградбата применува сопствен систем за градба.

Печат за квалитетот се и преку 80 комерцијални и резиденцијални објекти во Македонија, Италија, Австрија и Црна Гора, кои со гордост го носат името Golden Art, а наградите за македонски квалитет две години по ред, само ја потврдија препознатливоста на овој изграден бренд.

Општествената одговорност и размислувањето за генерации нанапред направија Golden Art четири години по ред да биде наградувана за највисоко општествено одговорна компанија и да ги добие престижните Stubrand награди.