ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ ЗА ГОЛДЕН АРТ

Со особено задоволство и чест Ве информираме дека под покровителство на претседателот на Република Македонија, Сојузот на стопански комори (ССК) ги додели признанијата „Македонски квалитет 2015“.

Голден Арт е единствена градежна компанија која се закити со оваа престижна награда и тоа за нас претставува огромен мотив во иднина да бидеме уште подобри.

Како што порача генералниот директор, Ивица Јакимовски, “Признанието е доказ дека сме на вистинскиот пат, продолжуваме со уште посилно темпо и понатаму”.

Извонреден квалитет на градба и врвна енергетска ефикасност е она по кое не препознавате како компанија. Понудата на станови се зголемува со уште два нови објекти во општините Карпош и Кисела Вода. За повеќе информации околу понудите на станови посетете ја веб страницата goldenart.mk или закажете средба со нашите агенти за продажба.

Градиме квалитетно за да трае – Голден Арт.

NASLOVNA

1

3