8 предлози за дизајн на бела кујна во новиот дом

Ајде да зборуваме за: бела кујна 🤍

Доколку и вие (како и нашиот тим) сте вљубени во светлина и  во едноставноста на белата боја, овие 8 предлози ќе Ви дојдат како добро освежување 😊

Она на што треба да обратите внимание при изборот на кујна е дека некогаш постои опасност просторот да изгледа студено. Ова ќе го одбегнете додавајќи потопли нијанси во дизајнот, природно дрво, растенија, и некои од вашите омилени декорации.

Мешањето на бои на метал е во мода последниве неколку години, така што можете слободно да комбинирате месинг, инокс, бакар, па дури и нијанса на старо сребро при изборот на чешма, рачки и останатите метални детали во просторијата.

Golden Art
Дом. Не само Стан.