“Bachelor pad” – катче за момци кои знаат што сакаат

Визуечлизиран од S&T Architects, овој стан во Одеса, Украина совршено го маскулинизира шикот, претворајќи го овој дом во место кое оддава чувство на моќ, но и удобност. Проектот, наречен 9th Pearl, бил замислен како катче за современ маж со многу место за забава, гости и работа од дома.

Дневната соба има интимен карактер, благодарение на долгите завеси и внимателно одбраната палета на бои. Дизајнерите велат: “Идејата беше да го споиме неспоивото, комбинирајќи темни и светли тонови, цврсти и нежни природни материјали и да постигнеме совршена хармонија меѓу нив. Најверојатно успеавме во тоа 😀 “

Не само што успеале да постигнат хармонија, успеаја и да нè воодушеват со ова нивно дело. Тие велат современ маж, ние велиме – совршено и за современата жена, зар не?