Bachelor pad со модерни елементи

design-contemporary-apartment

Лоциран во центарот на Сан Франциско, овој дом е дизајниран така што ги задоволува сите желби на модерниот маж кој е вљубен во современото живеење со стил, па не е ни чудо што архитектите го употребиле терминот “bachelor pad” за да го опишат.

Скандинавската нота која се чувствува низ сите простории е надополнета и збогатена со впечатливите уметнички слики и уникатните парчиња мебел. Мебелот е во природни нијанси како сива кафена, бела и црна, а материјалот од кој е изработен ја дава машката нота на просторот. Омилен елемент ни е креативната полица за вино сместена во дневната соба изработена од метал и текстил, како и паметната „закачалка“ за велосипед која и тоа како заштедува простор!

Во спалната соба доминира белата боја, а целата просторија е разиграна со софистицирана кожена софа во топла кафена нијанса.

Кој е Вашиот омилен елемент во овој стан?