Дневникот на една зграда – GA05, Аеродром

zgrada-5-montaza-3

Објект: GA05
Локација: Ул. „Методија Шаторов – Шарло“ – Аеродром
Број на станови: 128
Височина: 9 ката плус поткровје
Квадратура на станови: 2578m² во 2 влеза, влез 1 – 62 и влез 2 – 66 стана

Со цел едноставно и лесно да дојдете до сите новости од текот на изградбата, за Вас го подготвивме овој „дневник“ во кој постојано ќе ги објавуваме сите информации, почнувајќи од најновите вести, па наназад.

Оваа зграда е уште еден од нашите објекти кои ги исполнуваат стандардите за енергетска класа А, бидејќи кога станува збор за Golden Art, максималната енергетска ефикасност и безбедноста претставуваат стандард од кој не отстапуваме. Вашата доверба ни значи сè, токму затоа градиме домови кои ќе им служат и на Вашите поколенија! :)

Понудата и скиците на становите може да ги најдете на овој линк.

04.12.2017

Во тек е обработка на плочата во дворот со Кондор изолација. Се обработуваат плафоните во подрумскиот простор и за комплетира главната инсталација за парно во подрумите.
Влез 1: Се поставува паркет на деветти кат, и се монтираат аголни паркет лајсни на втор кат. Ги монтираме вентилаторите во бањите и изработуваме ормари за струјомери и настрешница над влезот.
Влез 2: На седми, осми и деветти кат се лепат плочки. Паркет се поставува на вториот кат, а на четврти и петти кат поставуваме Hunter Douglas плафони во бањите.

25.11.2017

Во подрумите на ниво -2 се поставуваат вентилациони канали. Се спроведува инсталацијата на слаба струја до влезовите (Телеком, Vip и Telekabel).
Влез 1: се поставува паркет на осми кат. Започнавме со поставување на внатрешни врати во становите на прв и втор кат. Плочките се комплетно поставени. Подни плочки во ходниците се поставени до осми кат. Санитаријата е монтирана до шести кат.
Влез 2: Се лепат плочки во становите на шести, седми и осми кат. Во тек е втора рака молерисување на плафоните.

20.11.2017

Ги пуштаме главните доводни кабли за струја од трафостаницата до влезовите. Се демонтира последниот дел од скелето на источната фасада.
Влез 1: Во тек е ѕидање на портал од лифтовите од приземје до десетти кат. Започнавме со поставување паркет на петтиот кат, а плочки се лепат на десетти кат. Се поставува санитарија и бојлери на втор кат.
Влез 2: Се лепат плочки на петти и шести кат. Се подготвуваат плафоните на деветти кат за финално молерисување. Ја испитуваме електриката на шести кат.

12.11.2017

Во подрумскиот дел се лепи стиропор на плафоните под становите на вториот влез. Се изработува хидроизолација на плоча во дворот од западната страна. Се поставуваат лимени парапетни окапници на прозорците од источната страна на објектот. Фасадата е комплетна на целиот објект.
Влез 1: Се поставува трослоен дабов паркет од норвешкиот производител Боен на прв кат. Во тек е финално молерисување на тавани на трет и четврти кат. Се глетуваат ѕидовите во скалишното јадро.
Влез 2: Во тек е комплетирање гипсени облоги во ходниците. Се поврзуваат дозни на четврти и петти кат.

04.11.2017

Оваа недела нанесуваме завршен слој абриб на источната страна на фасадата. Во паркингот на ниво -1 се поставува изолација под становите.
Влез 1: се лепат плочки на осми и деветти кат. Се молерисуваат таваните со втор слој на втор и трет кат. Во тек е монтажа на стаклени паравани во бањите на четврти и петти кат, а на прв кат започнавме со поставување трослоен дабов паркет од норвешкиот производител Boen.
Влез 2: се лепат плочки на трети и четврти кат. Комплетно се поставени гипсени облоги од четврти до десетти кат. На петти кат во тек е молерисување со прв слој. Се монтираат блиндор врати во становите на првиот кат.

Ga05 (3) Ga05-1 (3) Ga05-2 (3) Ga05-3 (3) Ga05-4 (3) Ga05-5 (1) Ga06-4 (1)

29.10.2017

Северната фасада е комплетно завршена, работиме на источниот дел со завршен слој од абриб. Влезни блиндор врати и парапетни даски се поставени во сите станови.

Влез 1: Се лепат плчки на осми и деветти кат, се монтираат Hunter-Douglаs плафонски облоги на шести и седми кат, а на приземје се молерисуваат таваните и се поставуваат стаклени паравани за туш кабини. Комплетирано е поврзувањето и испитувањето дозни во овој дел на зградата.

Влез 2: Се лепат плочки на втори и трети кат. Се изработуваат гипсени Knauf облоги во ходниците на осми кат. Се стругаат ѕидови и тавани на осми кат. Во тек е монтажа на огради на терасите на јужна и западна страна.

21.10.2017

Се лепат плочки на трети кат во втор влез и на седми кат во првиот влез. Започнавме со монтажа на блиндор врати во првиот влез на десетти кат. Поставена е изолација на партер на јужната страна пред штампан бетон. Во двата влеза на петти кат во тек е прва рака молерисување. Се поставуваат гипсени облоги во прв влез на десетти кат. Во тек е изработка на шахти за водоводна и фекална канализација.

13.10.2017

Комплетирана е западната страна на фасадата со абриб. Во тек е премачкување и подготовка за абриб на северната и источната страна од објектот. На шести и седми кат во прв влез, и на прв и втор кат од втор влез се лепат плочки во домовите. Се прави опшивка од гипс картон во становите на десетти кат во втор влез, а во тек е и припрема за прва рака молерисување од прв до десeтти кат.

07.10.2017

Се лепат плочки на шести и седми кат во првиот влез и на приземје во вториот влез. Наскоро ќе биде комплетна хидрантска инсталација во гаражите. Западниот дел на фасадата се обработува со абриб, источната со мрежа и лепак, а јужната страна е завршена, таму веќе го демонтираме скелето. Се изработува цементна кошулица на шести кат. Инсталацијата за парно од брендот Rehau е комплетна до десетти кат. Во тек е изработка на гипсени облоги во становите на втор влез на деветти кат, а во првиот влез на четврти кат. Се молерисуваат становите на осми и деветти кат во првиот влез.

24.09.2017

Се нанесува втора рака лепак на фасадата. Се поставуваат одводни цевки на приземје во вториот влез од објектот. Се местат лајсни на балкони. Во тек е монтажа и глетување на лајсни на столбови и греди во становите. За подобра изолација, поставуваме ѕидни гипсени облоги од типот Knauf Diamant на шестиот кат.

16.09.2017

Се лепат плочки во бања и кујна, а се поставува и кошулица на втор кат во втор влез. Се поврзуваат хидрантските цевки. Јужната страна на објектот е целосно помината со рабис мрежа и прва рака лепак. 

06.09.2017

Се поставува графитен стиропор на источната страна од фасадата. Во кујните и бањите на трети кат се лепат плочки на ѕидовите и подот. Knauf Diamant ѕидни облоги се монтираат на седми кат, а на десеттиот кат се поставува кошулица.

02.09.2017

Во тек е поставување на графитен стиропор на северната и западната страна, јужната е веќе подготвена. Се монтираат ѕидни облоги од типот Knauf Diamant во бањите на петти кат. На седми кат се поставува кошулица на подовите.

23.08.2017

Се поставуваат гипсени ѕидни облоги Knauf Diamant за подобра звучна и термичка изолација на седмиот кат. Се работи на фасадата, во моментов се поставува слој со графитен стиропор кој е неколкукратно подобар изолатор од стандардниот стиропор. Во кујните и бањите на приземје и прв кат се лепат плочки и се поставуваат вградени казанчиња.

29.07.2017

Нашиот тим започна со поставување на скелето за Baumit фасада. Се поставуваат ѕидни облоги Knauf Diamant на прв кат. Се монтираат внатрешни казанчиња во бањите на седми кат, а се нанесува и кошулица во становите.

09.07.2017

Во тек е припрема на ормари за парно и припрема за цевки во ормарите за парно. Исто така, се поставува водоводен систем од брендот Rehau.

01.07.2017

Се поставуваат дозни за струја во становите, како и ормари за вода и водомери до четврти кат. Се поставуваат ормари за парно греење и систем за одвод и довод на вода од производиелот Rehau.

20.06.2017

Поставен е одвод и довод на вода со систем Rehau до четврти кат. Се спроведуваат вертикали за вода исто така до четврти кат. ВО тек е глетување на греди и столбови на истиот кат.

31.05.2017

Се поставува вертикален и хоризонтален одвод. Покривите се изолираат со тервол, а започнато е и шлицање на ѕидовите за довод на вода.

19.05.2017

Се бушат дупки за одвод во домовите. Во тек е спроведување на кабли за струја на десеттиот кат, како и шмирглање на ѕидовите и припрема за прва рака молерисување на ниво -1.

27.04.2017

Во тек е поставување на лајсни на столбови и греди, како и глетување на таваните во двата влеза.

20.04.2017

Се глетуваат плафоните во домовите на седми кат, како и скалите и ходниците на петти кат. На прв кат во двата влеза започнуваме со поставување лајсни на столбови и греди.

12.04.2017

Се глетуваат плафоните на шести кат во првиот влез. Во вториот влез во тек е машинско малтерисување на греди и столбови на првиот кат. Оваа недела завршивме со бетонирање на оградата околу зградата.

30.03.2017

Во вториот влез во тек е машинско малтерисување на трети кат, а во первиот влез на осми кат. Внатрешната ѕидарија е скоро готова, останува уште еден кат.

22.03.2017

Се поставуваат лајсни на столбови и греди на втори кат. Во тек е машинско малтерисување со гипсен малтер Knauf MP75 на шести кат, како и внатрешна ѕидарија на десетти кат.

09.03.2017

Се работи на внатрешна ѕидарија на деветти кат, додека пак на приземје се врши машинско нанесување на малтер.

15.02.2017

Започнавме со машинско нанесување малтер „Кнауф МП 75“ на првиот кат. На 8ми и 9ти кат продолжуваме со внатрешната ѕидарија.

08.02.2017

Поради временските услови текот на изградбата на GA05 беше во привремена пауза. Завршен е процесот на местење прозорци до 9ти кат, a oд следната недела продолжуваме со полна пареа да работиме на овој објект.

20.12.2016

Започнуваме со внатрешна ѕидарија на осми кат, а во тек е и поставувањето крила на прозорци во објектот.

 

14.12.2016

Продолжуваме со поставување на трислојни Rehau прозорци во објектот, а на шестиот кат започнавме со работа на внатрешната ѕидарија.

08.12.2016

02.12.2016

При крај сме со внатрешната ѕидарија на четвртиот кат, додека на првиот кат веќе започнавме со поставувањето на Rehau прозорци. Овие прозорци се шесткоморни, со трослојно стакло кое не дозволува загуба на енергија за греење и ладење – 365 дена во годината, без разлика на надворешната температура!

23.11.2016

Оваа недела започнуваме со местење на електричната инсталација на првиот кат, додека на четвртиот кат се ѕидаат внатрешните ѕидови со Nexe термо блокови. Со нивна помош постигнуваме одлична термо и звучна изолација – за пријатен и мирен дом!

18.11.2016

На објектот во Аеродром се работи на внатрешната ѕидарија на третиот кат.

 

10.11.2016

Во Аеродром се работи на внатрешната ѕидарија.

03.11.2016

Во моментов на објектот во Аеродром се работи на внатрешна ѕидарија на вториот кат и надворешна ѕидарија на деветиот кат, користејќи ги термо блоковите Nexe кои му даваат топлинска изолација на Вашиот стан во текот на целата година.

29.10.2016

Во Аеродром се работи на надворешната ѕидарија на седмиот кат и на внатрешната ѕидарија на првиот кат.

18.10.2016

Оваа недела се работи на надворешната ѕидарија на шестиот кат, а на првиот кат започнавме со внатрешна ѕидарија.

06.10.2016

Стигнавме до четвртиот кат и работиме на надворешната ѕидарија.

29.09.2016

Во моментов на објектот во Аеродром се работи на надворешната ѕидарија на третиот кат и започнавме со исцртување на четвртиот кат.

24.09.2016

На објектот во Аердром започнавме со надворешна изолација. Приземјето е готово и во момнетов се работи на првиот кат.

04.05.2016

На објектот во Аеродром во моментов се изработува армирана бетонска конструкција со греди и плоча на ниво -1. Гредите и плочата се изработуваат од ребраста арматура и арматурни мрежи и се полнат со готов бетон марка 30.