Дом од соништата за секој книгохолик

Студиото Egue Y Seta од Мадрид било одговорно за трансформирање на овој стан во Мадрид од обичен простор од 1950-те, во модерен сон на секој вљубеник во книгите. Домот се состои од три правоаголни катови хармонично споени со палетата на бои и стилот на декорирање.

architecture-new-apartment

Внатре е преплавено со книги, а кога велиме преплавено, мислиме НАВИСТИНА преплавено 🙂 Дневната соба изгледа како минијатурна библиотека. Посебно изработените полици од масивно дрво кои ги красат сите ѕидови биле „позајмени“ од претходниот дом на семејството. Дизајнерите зачувале дел од старото наследство на домот – предлагаат читање додека лежите на винтиџ фотелјите од ’50-те поставени од двете страни на големата честерфилд кожена софа или пак додека седите околу прекрасната трпезариска маса која била „спасена“ од урната француска фарма од 19-от век.

Уште една бела полица „царува“ во ходникот на последниот кат со својата импресивна висина. До неа има многу простор за да се опуштите со книга во рацете: софа, butterfly столица, или големата мрежа која се простира над целата соба. Одлично, нели? 🙂

Ви се допадна овој дизајн? Сакате Вашиот нов дом да изгледа вака? Закажете средба со нашите агенти за продажба на телефонските броеви 075/071 225-888, или разгледајте ги домовите од нашата понуда на овој линк. Патот до нов стан кај нас е брз и лесен!