Двособен стан со чист и елегантен дизајн

design-modern-industrial-apartment

Овој стан, лоциран во центарот на Варшава, прикажува совршен спој на елеганција и минимализам измешани со нишки од индустриски дизајн.

И покрај релативно малата површина од 50 метри квадратни, домот делува просторно и чисто, најмногу поради паметниот распоред на просториите и деталите. Секој агол си има своја функција и секој предмет е сместен на место на кое со сигурност ќе го забележите.

Елементи кој се истакнуваат во дневната соба се ѕидот изработен од декоративна цигла, интересните метални трпезариски столици и дрвената клуб-масичка со тркала од ковано железо, како и огромниот часовник сместен над гарнитурата за седење. Оттаму, целата хармонична приказна се пренесува и во кујната, спалната и бањата. Чисти линии, сјајни површини, по некој елемент од природен материјал и многу дневна светлина во неутрални тонови, прават просторот да оддава чувство на мир. Сивата, кафената, белата и црната боја употребени во различни нијанси, совршено се надополнуваат меѓу себе создавајќи дом кој секој би го посакал.

YouTube видеото за овој стан погледнете го тука.

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!