Дневникот на една зграда: Golden Art Entrada

 

Новите предизвици секогаш ни претставуваат огромно задоволство! 

Препознатливиот квалитет доаѓа на нова локација. Овојпат, го прошируваме нашето портфолио со објект во Општина Гази Баба.

Ви го претставуваме објектот Entrada, помал, интимен објект кој на своите станари ќе им понуди квалитет по поволна цена, на лесно пристапна локација. 

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.

Корисни информации за објектот:
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А
Google Maps локација: кликнете тука
Катност: 

  • Bлез 1: приземје + 5 ката + поткровје
  • Влез 2: приземје + 4 ката + поткровје

Број на станови: 34 во 2 влеза
Површини на станови: 26,6 до 61,2m²
Почеток на градба: август 2021

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.

12.07.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции. Започнавме со нанесување на цементна кошулица и сме до 2 кат. На првиот кат се отпочна со поставување на плочки во кујни, додека пак во купатилата се нанесува изолација. На 4 кат се работи на затворање на гипсани облоги во ходници.

23.06.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции. На фасадата на северна страна е нанесена втора рака лепак. Се прави припрема за кошулица на 1 кат, На 3 кат се работи на бандажирање на гипсани облоги во станови. Припрема за поставување на метални конструкции за гипс во ходници. Поставени хидрантски ормари во влезови.

15.06.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции. На северната страна се работи на нанесување на мрежа и лепак на фасада. На 3 кат се работи на исполна на греди и столбови, на 4 кат се поставуваат лајсни на столбови и греди, додека пак низ целиот објект се поставуваат вертикали за водовод, а до 2 кат се поставени и водомерите.

06.06.2022

18.05.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции. На 4 кат се нанесува гипсан малтер МП 75 на ѕидови во станови. На 5 кат се работи на каблирање во станови, а пак на последниот кат се работи на спроведување на инсталација за клима за греење и ладење.

12.05.2022

На објектот се работи на неколку позиции. На 2 кат се нанесува гипсан малтер МП 75 на ѕидови во станови, додека на 3 кат се поставуваат лајсни. На 4 кат се работи на каблирање во станови, а пак на 5 кат се работи на спроведување на инсталација за клима за греење и ладење.

05.05.2022

На објектот се работи на машинско малтерисување со гипсан малтер МП 75 на ѕидови во станови на 1 кат, на 2 и 3 кат се поставуваат внатрешни казанчиња во купатила, а исто така се спроведува и инсталација за клима за греење и ладење.

20.04.2022

На објектот се поставени прозори до 6 кат, а се работи и на спроведување на електрика по станови и започнавме со машинско малтерисување со цементен малтер на кујни и купатила на 1 кат.

12.04.2022

На објектот се поставени прозори до 4 кат, а се работи и на спроведување на електрика по станови.

16.03.2022

Комплетирана ѕидарија на целиот објект. Спроведување на вертикали за одвод и развод по плафони во купатила.

 

23.02.2022

Ѕидање на фасадни и внатрешни ѕидови на 4 и 5 кат. Лимарско покривање на на кров.

10.02.2022

Комплетирање на ѕидарија на 2 кат и припрема за ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 3 кат. Ѕидање на парапети на балкони на 1 кат. Изолација на корита на кров.

02.02.2022

Зидање на фасадни и преградни ѕидови на 2 кат, правење дупки за вертикали за одвод на 3 кат.

20.01.2022

Правење опшивки на вентилациони отвори и ѕидарија во машинско оделение на кров. Ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 1 кат.

28.12.2021

Комплетирана е изградбата и на последната плоча, започнавме со фасадна ѕидарија на 1 кат.

25.11.2021

Армирање и припрема за бетонирање на столбови кон кровна плоча.

18.11.2021

19.10.2021

Шаловање на плоча на кота 3.60.

13.10.2021

30.09.2021

22.09.2021

Шаловање и припрема за бетонирање на ѕидни платна и плоча на кота -2.65.

16.09.2021

Припрема за бетонирање на темелни стопи и темелни греди како и дел за подна плоча.

09.09.2021

02.09.2021

Армирање и бетонирање на темелни стопи.

24.08.2021

Започнавме со ископ за поставување на темелите на објектот.