Golden Art празнично уреден дом во срцето на Скопје

img_7897

Особено сме радосни кога ве инспирираат нашите совети околу уредувањето на домот! Пример за тоа е овој празнично уреден дом во објектот GA02 во Аеродром, чии креативни сопственици со новогодишниот декор совршено го надополниле модернистичкиот изглед на просторот.

Белата боја која е основа на целиот проект е разиграна со сините детали и шарената завеса. Дневната е организирана во отворен план, и е поврзана со трпезаријата и кујнскиот простор. Со цел собата да изгледа отворено, сопствениците одбрале аголна гарнитура која визуелно го одделува просторот за дружење и гледање телевизија. Ѕидот зад телевизорот обложен со тапет во сива боја со што се постигнува акцентски ефект на модерниот изглед во оваа соба.

Посебен детаљ е уникатното и практично осветлување во кујната, кое ги надополнува останатите светилки низ станот.

Спалната соба е во склад со целиот дизајн на станот и вклучува бел мебел со сини декоративни елементи.

Погледнете ги фотографиите во галеријата: