Идеалната големина за среќа – трособен стан во „4°“

Kупувањето стан е животна инвестиција и ние во „Голден Арт“ исклучително трпеливо ја разбираме Вашата желба и двоумења за сите детали да бидат доведени до совршенство. Затоа што купувате свој иден дом, а не само стан! Затоа, ние внимателно ги избираме сите материјали кои ги вградуваме во нашите објекти, а „4°“ не е исклучок, напротив – надградба на тој стандард. Подот во овој вистински трособен стан со квадратура од безмалку 60 квадратни метри е она што прво ви паѓа во очи, вистинско ремек дело – отпорно на оштетување и гребење. Сите санитарии и плочки кои се вградуваат според проверениот ГОЛДЕН АРТ СИСТЕМ НА ГРАДБА се од најквалитетните светски брендови. Нашите искусни градители со огромна прецизност и внимание работат на сите позиции за да осигурат квалитетна изградба на објект кој ќе стане дом на многу среќни семејства.

Осветлена оаза на мир за подобар квалитет на живеењето

Нема поубаво чувство од тоа да влезете во топол, а енергетски перфектно ефикасен и  осветлен економичен стан во кој ќе се чувствувате удобно – „како дома“. Кон тоа придонесуваат големите прозорци, внимателно одбраната локација и распоредот на просториите. Отворениот план дозволува повеќе светлина, подобра е комуникацијата меѓу станарите затоа што дневната и кујната се отворен тип,  а додека готвите може да внимавате и на Вашите деца или миленици, доколку Ви дојдат гости ќе бидете присутни на забавата цело време и сл.

Енергетски ефикасни природно осветлени домови

Кон тоа придонесуваат комбинација на елементи – изолацијата, 4-сезонско стакло на прозорците и стручноста на изработката на фасадата на објектот. Становите се одлично изолирани. Преградните ѕидови меѓу просториите во станот се доволно масивни, и се разбира меѓусебно специјално термички и звучно изолирани. Едноставно –  вашето право на приватност е свето и загарантирано во „Голден Арт“ комплексот „4 степени°“  .

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.

Локација: Аеродром

https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.

Корисни информации за објектот: https://www.goldenart.mk/katalog-komplekt-4/
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А