Игра со материјали и текстури обоена во бело

architecture-modern-apartment-1

Студиото Form Architectural Bureau е „виновникот“ за дизајнот на овој дом од 120 метри квадратни во Киев, Украина.

Карактеристично за дизајнот е палетата на интересни материјали и текстури, од кои повеќето се природни. Изборот на боја за станот е доста невообичаен – има толку многу белина што дури и најсветлата сива делува темно.

Во зоната за одмор, дизајнерите експериментирале со висината на подот, создавајќи впечаток на „потонато“ место за седење. Удобните перници, модерниот камин и сребрениот отоман креираат совршено место за дружење и релаксација.

Уште еден впечатлив детаљ во овој стан се елегантните скали кои се поставени во средината и визуелно ги одвојуваат кујната и трпезаријата од дневната. Токму тука се истакнува уште повеќе различието на бели нијанси – мермерен под, лакирани ормарчиња и обоени дрвени столици.

Меѓу главниот ходник и кујната има столб кој е обоен во црно за да се постигне онаа потребна доза на контраст. Двете широки спални соби ги следат истите линии на дизајнот, а лесните завеси, плетените прекривки отигиналните бого ноќни масички додаваат топлина и удобност.

Целиот стан е прекрасен, но нашето омилено катче сепак е просторот наменет за релаксација и пиење чај, кој е целиот исполнет со перници за седење и лежење. А Вие? Кој елемент од овој дом би сакале да го имате?

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!