Иновативни канцеларии кои ќе Ве наполнат со позитивна енергија

design-modern-workspace

Студиото D/Dock добило предизвик од OVG Real Estate да ги дизајнира нивните нови канцеларии на последниот кат од познатата green Edge Building во Амстердам, Холандија. Разултатот е креативен работен простор, каде традиционалните бироа се заменери со катчиња за активности и релаксација. Импресивната палета од материјали и текстури е акцентирана во целиот ентериер, создавајќи опуштена и лежерна атмосфера. 

Чекалната е заменета со простор кој е уреден како дневна соба и надополнет со неформален кујнски остров каде, освен што ќе Ви ги дадат потребните информации, ќе Ве послужат и со закуска. Работно место од соништата, нели? 🙂