Инспирација и функционалност од срцето на Скопје

amazing-readers-apartmentFreshome-01

Во потрага по инспирација за уредувањето на Вашиот дом од соништата, наидовме на нешто што пријатно нè изненади. Како доказ против популарното мислење дека во Македонија не може да се најде инспирација за уредување на домот, ви го носиме овој стан, креативно и функционално дизајниран од Роберт Јаневски, љубител на фотографија, уметност и естетика. Ова поткровје е лоцирано во центарот на Скопје и вклучува доста креативни решенија кога станува збор за складирање и ефикасно искористување на просторот.

amazing-readers-apartmentFreshome-02

 

Според дизајнерот, предизвикот бил да се добие чист дизајн со доминација на белата боја, кој истовремено ќе ја сочува топлината на семејно катче. Исто така, поради нискиот плафон на неколку места, потребно било решение кое ќе овозможи секој сантиметар да е максимално искористен. Целиот простор требало да ги функционира како сè во едно – спална, библиотека, соба за одмор и дневна соба, со доволно простор за чување на облека и сите ситници без кои секојдневието би било невозможно.

Дизајнот овозможува визуелна сепарација на поткровјето – благодарение на различните бои, просторот за спиење е црвен, а просторот за одмор е означен со зелена боја. Стакло и извори на светлина од повеќе правци се главниот белег на „канцеларијата“, додека пак белата боја сево ова го спојува во хармонична целина.

 

Овој дизајн нè поттикна да бидеме похрабри при уредувањето на домот, затоа што ништо не е невозможно, дури ни во Македонија.

Имате дизајн кој инспирира? Споделете го со нас за да го вклучиме во блогот, а во меѓувреме – разгледајте ја нашата топ понуда 🙂