Италијански дом кој размислува „во кутијата“

design-modern-apartment1

 

AIM Studio го добиле предизвикот да дизајнираат креативен дом во простор кој бил наменет за канцеларија во Милано, Италија. И покрај хармоничниот премин меѓу просториите, секое функционално катче – кујна, трпезарија, дневна соба, канцеларија – си има свое место.

„Сопствениците нè замолија да создадеме елегантен, свеж и флексибилен простор исполнет со растенија, кои всушност нивна пасија“, велат архитектите. Целата шема на декорирање била создадена според потребите на клиентите.

modern-apartment-1

Проектот се развивал околу бела бетонска плочка, или како што ја нарекуваат дизајнерите, кутија затворена од три страни. Одвнатре, белиот гипсен финиш дава отсјај од дневна светлина, што многу придонесува за растот на растенијата.  Еклектичен мебел го развеселува домот и го прави уникатен и топол. Oстатокот од овој дом има повеќе текстури, како бетонски ѕидови, под од темно дрво, елегантна, модерна кујна и бања, и – додавајќи тропско чувство – многу растенија.