Издигнуваме висок квалитет во двете нови станбени убавици во Аеродром

Максимално ги почитуваме зададените рокови за изградба на двете нови станбени згради, лоцирани на улицата Милан Зечар во скопската општина Аеродром. Следејќи ја нашата агенда за градење по најстрогите европски стандарди, пролетните месеци ги користиме за изведба на термичката фасада и на внатрешните градежно – занаетчиски работи во станбениот објект GA02, како и за реализација на карабината на зградата GA03. На само десетина метри од познатото „Тобако 2“ во населбата Стар Аеродром, градиме 170 станови за нашите ценети клиенти.

Во функција на обезбедување на врвната класа А на енергетски ефикасна зграда, во моментов ја изведуваме термичката фасада на објектот GA02. За таа цел, го користиме водечкиот австриски бренд во градежниот сектор Baumit, чии препознатливи производи комбинирани со искуството на нашите градежни работници ја гарантираат максималната заштеда на топлинска енергија во текот на студените месеци од годината. Паралелно со реализацијата на уникатниот архитектонски изглед на новата зграда, во моментов работиме и на ентериерот. Во идните станови ги глетуваме внатрешните ѕидови со градежните материјали на угледниот германски производител Knauf, а веќе е во тек и поставување на првокласни италијански керамички плочки.

Во објектот GA02 ги поставуваме сите неопходни инсталации за удобен и комфорен живот на станарите. Нашите градежни работници ги поставуваат инсталациите за централно греење и водоводните инсталации. За разлика од мноштвото постари колективни згради во Скопје, станарите од објектот на Golden Art ќе ја имаат можноста за засебна контрола на парното греење во нивниот дом, а со тоа и опцијата за брзо и едноставно вклучување и исклучување од централната топлификациона мрежа.

Покрај поволностите што ги нудат иновативните инсталации, компанијата Голден Арт никогаш не го заборава беспрекорниот квалитет. Во становите од нашата зграда се вградуваат  РАУТИТАН водоводните инсталации на реномираниот европски производител REHAU. Префинетата РЕХАУ техника на спојување со подвижна навлака обезбедува трајно дихтување на споевите и истовремено гарантира целосно избегнување на ризикот од стеснување на цевката во областа на спојот. На тој начин, се избегнуваат вообичаените проблеми со водоводната инсталација во вашиот дом.

Истовремено, со сите сили работиме и на издигнувањето на станбениот објект GA03. Нашите вредни работници полека ја затвораат карабината, со што ја заокружуваме оваа градителска фаза. Компанијата Golden Art ќе продолжи да го вложува своето искуство и традиција во градежниот сектор во двете нови станбени згради, и тоа единствено во функција на квалитетна и навремена изведба на новите станови, на задоволство на нашите клиенти.