Кујни со италијански дизајн: стил и оригиналност

one-kitchen
Веќе пишувавме за кујни во скандинавски стил. Тие зрачеа со светлина, бои и мир. Денес сакаме да Ви покажеме нешто сосема спротивно – италијански кујни кои дишат во ритамот на модерното време и се карактеризираат со строги линии, агли и форми, но сепак, тоа не ги прави помалку воодушевувачки. Бојата и свежината од скандинавскиот стил тука се заменети со елеганција.

Основните бои се бела, црна, кафена и сива, хармонично измешани за да се создаде современ изглед. Растенија и други декоративни елементи се вешто интегрирани во декорот. А Вие, кој стил би го одбрале при декорирање на вашата кујна? 🙂