Младешки дом со уникатен стил, 70m²

design-modern-apartment3

Често пишуваме за станови сместени на последен кат, особено затоа што нудат најмногу слобода за модификување, а нудат и најдобар поглед. Неодамна Ви претставивме и ваков стан од 100 метри квадратни од нашата понуда во Карпош. Погледнете го тука.

Фрацуската дизајнерка Sarah Lavoine вешто вметнува акценти во боја во сите ентериери на кои работи, често на црно-бела позадина. Овој шик стан во Париз изобилува со стил и карактер.Како што влегувате во домот, ходник Ве води кон дневниот престој и спалната соба. До второто ниво доаѓате о металните скали кои со помош на сината позадина даваат чувство на бродска палуба.

Овој стан има неколку простории во кои може да седите и да се опуштате – еклектичен избор на столици, фотелји и гарнитури за седење даваат личен печат на миксот на декоративни елементи.  Во трпезатријата, црниот дел од масата одлично се надополнува со белото огледало и црната позадина. Низ целиот ентериер чувството на пространост е акцентирано со бели ѕидови и природна светлина која навлегува низ стилски изработените прозорци. Уживајте во виртуелната турнеја на овој неконвенционален дом во кој без сомнение има многу предмети кои би ви останале во сеќавање. 🙂