Необичен канцелариски простор со модерни детали

architecture-modern-office“Моравме да размислуваме надвор од “кутијата” кога го планиравме просторот”, велат дизајнерите. “Замислата беше да создадеме конструкција налик на сцена, со една заедничка маса покрај прозорците. Вака, сите наши архитекти и дизајнери ќе имаат природна светлина”.

Предизвиците кои ги поставил самиот простор со себе донеле и нови можности за дизајнирање. “Благодарение на високиот плафон, можевме да си играме идејата да вметнуваме “соба во соба”. На пример, кујната ја сместивме во стакленик, а местото за седење e лоцирано под конструкција која наликува на пергола”.

Оваа канцеларија на вработените им нуди отворен простор каде со неколку чекори можат да влезат од еден во друг амбиент кога им треба промена на инспирација.

Замислете секоја канцеларија да беше толку забавна 😀