Празнична магија во дневната соба


Christmas-Living-Room-10
Божиќните и новогодишните
 декорации секогаш потсетуваат на „магија“. Сосема спротивно на температурите кои само одат надолу, овој период носи многу, многу топлина со себе, дел поради детето во нас кое секогаш се радува на сите светла и подароци, чоколади, времето поминато со најмилите и уште цела листа причини кои ако продолжиме да ги најбројуваме ќе изгледа нешто како есеј од основно со наслов „Зошто го сакам Божиќ“.

Затоа, да се фатиме за работа. Нема поубав начин да ѝ посакате добредојде на целата позитивна енергија и да се фокусирате на она што навистина е важно, од приредување мини-фестивал на љубовта, среќата и здравјето во Вашиот дом од соништата.

Продавниците веќе се полни со прекрасни декорации за претстојниот период, па затоа, додека сè уште не почнал хаосот, се разбира со наша помош, тргнете во потрага по совршените производи за Вашето семејство. Ние во неколку блог-написи ќе одбројуваме заедно со Вас, и затоа, прв дел од низата е инспирација за прекрасна дневна соба, затоа што токму оваа просотија како јадро на домот самата по себе е доволна за внесување на новогодишна топлина. Дали со камин и традиционални новогодишни чорапи, новогодишна елка или пак едноставна декорација – со неколку едноставни промени дневната соба ќе ја подготвите за многу гости и уште повеќе убави мигови.

Погледнете ги нашите предлози и земете си инспирација, па кој знае, до Божиќ можеби ќе ни го покажете своето уметничко дело 😉

Следно: Празнична магија на трпезариската маса. (понеделник, 7.12.2015)

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!