Пријавете се за новата Golden Art онлајн едукативна работилница!

Од нашите почетоци во 2005 до денес, се стремиме максимално транспарентно да комуницираме со нашите клиенти, и тие да се информирани за нашиот процес на работа во целост.

Еден стан не е само простор за живеење, тоа е простор каде ќе поминувате голем дел од времето, каде ќе ги имате најважните моменти од животот, каде ќе растат и ќе се развиваат вашите деца. Поради тоа, многу е важно да имате точни податоци околу  материјалите кои се користат, нивната безбедност за здравјето на човекот и сертификациите кои ги имаат.

Со цел да ве информираме во целост за нашиот систем за градба, енергетската ефикасност на нашите објекти, да ви дадеме практични совети како да трошите помалку пари на електрична енергија, и да ви ја презентираме нашата тековна понуда – ја создадовме Golden Art работилницата. Работилницата претставува едночасовна презентација на нашиот систем од страна на нашиот тим (продажба, проектирање, правна служба) и претставници од нашите партнерски компании чии материјали ги користиме при изградбата (Rehau, Knauf, Baumit, Kema и многу други).

По скоро цела година, повторно ги отворивме вратите на Golden Art едукативниот центар – овојпат на малку поинаков начин. По одличните реакции на присутните на првата работилница оваа година, одржана на 21.01.2021, време е повторно да Ви посакаме добредојде и да ги споделиме со вас сите детали околу Golden Art системот за градба.

Ве покануваме на следната ОНЛАЈН едукативна работилница на Golden Art! 💻📲

🕖Време: 18.03.2021 (четврток), 19:00 часот
📍Место: Било каде, сѐ што Ви е потребно е интернет конекција  

Пријавете се на следниов начин: Кликнете тука за да ја посетите нашата Facebook страница, и во инбокс пратете ни ваше име, презиме и телефон за контакт, а ние ќе Ве контактираме со повеќе информации.

Ве очекуваме!

Golden Art
Дом. Не само Стан.