Работиме на фасадата и на поплочувањето во становите

Изградбата на станбено – деловниот објект „Golden Art“ во населбата Стар Аеродром забрзано влегува во финалната фаза. Екипите на нашата компанија периодов ги изведуваат завршните работи на термичката фасада, а во внатрешноста на зданието се работи на поплочување на кујните и на санитарните јазли. За да се достигне врвната класа „А“ во заштедата на енергија во становите, се одлучивме да користиме материјали од реномираниот австриски производител „Баумит“. Како една од најзначајните европски марки, оваа компанија денес е синоним за изработка на првокласни термички фасади во повеќе од 30 земји во светот.

Во изведбата на енергетски ефикасната фасада го употребуваме силикатниот завршен малтер Baumit SilikatTop, кој претставува минерален тенкослоен малтер. Како малтер за декорација и обликување на фасадата, го применуваме производот Baumit StyleTop. За подготовка го користевме Baumit UniPrimer, универзален материјал за премачкување на подлогата. Со овие производи ќе постигнеме дебелина на надворешниот ѕид од 35 cm и годишна потрошувачка на топлинска енергија во објектот од минимални 15 kWh/(m2a).

Покрај надворешната фасада, во овој летен период сме ангажирани и на поплочувањето на кујните и на санитарните јазли во идните станови. Пред редењето на плочките, изведуваме најквалитетна хидроизолација со употреба на производите Flächendicht и Tiefengrund на водечката германска компанија „Кнауф“. По оваа фаза, во поплочувањето користиме лепак за плочки, кој е веќе проверен на странските пазари. Нашиот избор е Knauf Flexkleber за внатре и Knauf Fliesenkleber DIN за надвор.