Разигран дом со внатрешна лизгалка

image_011

Дефиниран од споствениците како „мирен и сладок“, овој дом во Украина вклучува многу разиграни детали. Клиентот од студиото KI Design барал да се постигне Wow-ефект во овој дом, составен од два стана кои првично биле одвоени.

Најистакнатата точка на овој стан, лоциран на последните два ката од нова зграда, е несомнено лизгалката која ги поврзува двете нивоа. Признајте, и Вие сакавте нешто вакво во вашиот дом кога бевте малечки. Други интересни елементи се „живиот“ ѕид, нишалката и катчето за читање со долга дрвена клупа.

modern-apartment-2-1

 

Првото ниво е место за дневната соба, кујната и трпезарија, како и простор за две детски соби. На второто ниво се наоѓа главната спална соба со гардероба, гостинска спална соба, голема бања и канцеларија.