Вашите 78m² совршенство

Лоцирана на ул. Руди Чајевац, позади Тобако 2 во населбата Аеродром, зградата GA04 е уште еден во низата енергетски ефикасни градби на кои сме горди, а најзаслужни за тоа се Вашите насмеани лица кои ги среќаваме секојдневно низ објектите кои се веќе полни со станари 🙂

GA04 е сè уште во изградба, и за неа можете повеќе да прочитате ако кликнете тука. Токму на оваа локација, во продажба е овој дом од  78m² кој нуди сè што му е потребно на едно поголемо семејство – три спални соби, тоалет, бања, две тераси и open-plan дневна, кујна и трпезарија. Совршено, зар не?

Доколку ова е домот од Вашите соништа, закажете средба со нашите агенти за продажба, тие ќе одговорат на сите Ваши прашања.  Сега сè што останува е да го пронајдете дизајнот кој највеќе Ви одговара, а на блогот имаме еден тон инспирација и совети 🙂

Ве очекуваме!

ga04