„Во четири собните станови на „4°“ нема никаков компромис со луксузот!“

Уште пред повеќе од осумдесет години, малечката Дороти од „Волшебникот од Оз“ добро разбра и ни пренесе: „Нема поубаво место од дома!“. А каде на друго место вие можете да шетате без панталони, во вашата стара, најудобна памучна маичка и да не прекршите никакви правила? Домот е физичко олицетворение на луѓето кои го населуваат, па не е ни чудо што е толку посебно место за многумина од нас, за повеќето од нас поточно!  Важноста на домот доби особено значење во текот на минатите години, кога сакале или не го поминувавме поголемиот дел од нашето време само дома. И после толку време, вреди да бидеме благодарни кон просторот и да вложуваме во нашиот квалитетен дом.

Четворособните апартмани во комплексот „4°“ се сместени на западната страна на секој парен кат и ви даваат слобода, удобност и можност за квалитетен одмор. Овие станбени единици се наменети за семејно домување така што, на секој член од вашата заедница му е загарантирано вистинско задоволство за време на престојот во него. Составени се од дневна соба од каде имате лесен преглед до вашата кујна со трпезарија, бања и дури три посебни спални соби – за загарантиран личен простор на сите членови на вашето семејство, а терасата како ваше мирно и заедничко катче. Пристапот до терасата е маестрално „демократски“  решен – до неа се стигнува дури од три простории. Мастер спалната соба е доволно комфорна за удобен брачен кревет, додека во другите две може да има два единечни или брачни кревети. Како наши најлуксузни станбени единици во затворениот комплекс „4°“, овие четворособни станови имаат посебен простор (утилити соба) за сите ваши хоби алатки или помошни домашни електрични уреди за чистење така што ваше е само да ги уредите онака како од списание – луксузно и без непотребни работи кои би „боделе“ очи. Четворособните станови во „4°“  се вашиот вистински дом од списание во срцето на урбаниот Аеродром. Она што не прави горди на овие единици е секако неизоставниот Голден Арт систем на градба кој гарантира квалитетно многудецениско домување, но и фактот дека кај нив едноставно нема никаков компромис или одрекување – само неспорен квалитет и луксузно домување по сите светски стандарди.

Погледнете го каталогот овде.

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на  071/225-888 или 075/225-888.

Локација: Аеродром

https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А