Дневникот на една зграда – Urban Garden

На јужната страна од бул. “3-та Македонска Бригада“, кон Водно, гордо ви го претставуваме станбено-деловниот комплекс URBAN GARDEN.

Овој модерен и урбан комплекс, создаден со голема инспирација и внимание, има за цел да ги задоволи барањата на денешниот начин на живеење и да ja разубави околината. Непосредната близина на средни училишта и универзитет, достапноста до културни и трговски објекти и лесната комуникација со централното градско подрачје се само неколку од бројните причини зошто да го одберете URBAN GARDEN.

Општи информации:

  • Адреса: Бул. „3-та Македонска Бригада“ бб., веднаш до American College
  • Енергетска класа: А
  • Број на станови: 480
  • Паркинг места: 495
  • Деловни простории: 19
  • Отворена зелена површина: 1.232м2
  • Линк до каталог: Urban Garden

18.03.2020

Во моментов се работи на неколку позиции на објектот. Започнавме со поставување на развод за одвод во купатила на прв кат. Со машинско малтерисување во станови сме на 2 кат, додека пак со ѕидање на фасадата и преградни ѕидови сме на 5 кат.

10.03.2020

Во моментов работиме на ѕидање на фасадните и преградните ѕидови на трети и четврти кат, а со спроведување на електрични кабли по станови сме до 2 кат.

03.03.2020

25.02.2020

Изградбата на објектот оди со супер темпо. Се работи на шаловање и армирање на последна плоча на платформа 900. На втор и трет кат се работи на ѕидање на фасада и преградни ѕидови, исто така и на бушење на отвори во плоча за одвод за купатила.

18.02.2020

12.02.2020

Во моментов работиме на шаловање и армирање на плоча на кота 25.24. Во тек е и ѕидање на фасадата и преградните ѕидови на прв и втор кат, а започнавме и со бушење на отвори во плоча за одвод на купатила.

04.02.2020

Во моментов работиме на шаловање и армирање на столбови и платна од кота 22.27 до кота 25.24, односно одиме кон 7ми кат. Во тек е и ѕидање на фасадата и внатрешните ѕидови на објектот.

 

28.01.2020

 

21.01.2020

Избетонирани столбови и лифтовско јадро од кота +19.30 до 22.27. Расчистување на спратови и припрема за ѕидарија.

25.12.2019

Во моментов работиме на армирање и шаловање на плоча на кота + 19.30.

12.12.2019

Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 13.36, односно ја подготвуваме плочата за третиот кат.

06.12.2019

04.12.2019

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 10.39, односно одиме кон втор кат.

27.11.2019

Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 7.42, односно за прв кат.

21.11.2019

14.11.2019

Во тек е армирање и шаловање на бетонската плоча на кота 0.0. Се подготвува арматурата за идните позиции.

07.11.2019

30.10.2019

 

22.10.2019

 

 

16.10.2019

Работите се одвиваат по посакуваното темпо. Се работи на шаловање на плоча и греди на кота – 5.64, платформа – 100. Се прави и припрема на арматура.

02.10.2019

Во моментов на објектот се работи на армирање на темелна плоча.

21.09.2019

 

22.08.2019

 

21.08.2019