Дневникот на една зграда – Urban Garden

На јужната страна од бул. “3-та Македонска Бригада“, кон Водно, гордо ви го претставуваме станбено-деловниот комплекс URBAN GARDEN.

Овој модерен и урбан комплекс, создаден со голема инспирација и внимание, има за цел да ги задоволи барањата на денешниот начин на живеење и да ja разубави околината. Непосредната близина на средни училишта и универзитет, достапноста до културни и трговски објекти и лесната комуникација со централното градско подрачје се само неколку од бројните причини зошто да го одберете URBAN GARDEN.

Општи информации:

  • Адреса: Бул. „3-та Македонска Бригада“ бб., веднаш до American College
  • Енергетска класа: А
  • Број на станови: 480
  • Паркинг места: 495
  • Деловни простории: 19
  • Отворена зелена површина: 1.232м2
  • Линк до каталог: Urban Garden

29.07.2020

Имаме ново видео од изградбата на Urban Garden! Кликнете тука за да погледнете како напредуваат градежните работи на оваа локација

22.07.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез се започна со поставување на плочки во станови на 1 и 2 кат. На 4 кат се комплетира поставување на цементна кошулица, а пак на 5 кат се глетуваат ѕидови. Во вториот влез на 2 и 3 кат се глетуваат тавани и се работи на спроведување на главни доводни кабли во станови. На 6 и 7 кат се работи на поставување на гипсани облоги, додека пак на 6 се спроведува бакарна инсталација за клими. Се отпочна со поставување на фасада на северна и западна страна од објектот.

30.06.2020

24.06.2020

16.06.2020

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во влез 1, започнавме со нанесување на цементна кошулица во становите на 1 кат. На 3 и 4 кат се комплетираат гипсаните облоги, а се отпочна со поставување на 6 кат. Направена и испитана инсталација за довод и одвод на вода до 5 кат, каде што се поставува бакарна инсталација за клими. На 6 кат се спроведуваат кабли до станови, додека пак со ѕидарија сме на 8 кат. Во влез 2, завршено е малтерисување со гипсан и цементен малтер во станови до 3 кат. На 5 и 6 кат се поставуваат гипсани облоги. Направена и испитана инсталација за довод и одвод на вода до 3 кат.

10.06.2020

03.06.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез на 4 и 5 кат се поставува довод на вода од системот „Rehau“, на 7 кат се поставуваат прозори, а се работи и на поставување на гипсани облоги во станови. На 8 кат се работи на фасадна и на внатрешна ѕидарија. Во вториот влез на 3 кат работиме на нанесување на машински малтер МП75, додека на 4 кат се спроведуваат бакарни инсталации за греење и ладење.

19.05.2020

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во првиот влез на првиот кат започнавме со поставување на дозни во станови. На вториот кат се глетуваат таваните и ѕидовите, додека пак на 4 и 5 кат се нанесува машински малтер МП75 во кујни и купатила. Со гипсарските работи сме до 5 кат. Во вториот влез на прв кат се поставува довод на вода од системот „Rehau“, на втор кат се монтира бакарна инсталација за греење и ладење, додека пак на четврти кат се спроведуваат кабли во станови.

12.05.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез започнавме со обработка на тавани на 1 и на 2 кат. Вториот кат е комплетиран со нанесување на машински малтер МП75 и се отпочна со работа на 3 кат. Се прави припрема за испитување на довод на вода од 1 до 3 кат, додека пак со изработка на гипсани облоги во станови сме до 4 кат. Во вториот влез се работи на поставување на гипсани облоги на 1, 2 и на 4 кат, додека на 5 кат се поставуваат прозори од марката „Rehau“. 

06.05.2020

29.04.2020

Во првиот влез работиме на неколку позиции. На првиот кат се започна со нанесување на гипсан малтер и се спроведуваат бакарни инсталации за греење и ладење. На вториот кат се поставува инсталација за довод на вода од системот „Rehau. На третиот кат се поставуваат гипсани облоги во станови. На четвртиот кат се монтира столарија „Rehau“. Во вториот влез на 3 и 4 кат се поставуваат гипсани облоги. Со ѕидаријата сме до 7 кат.

22.04.2020

Во моментов на објектот се работи на неколку позиции во двата влеза. Во првиот влез на 1 кат се работи на исполнување на греди и столбови со MP75. На 2 кат се поставува инсталација за довод на вода од системот Rehau, како и изработка на инсталација за клими мултиплит систем. На 3 и 4 кат се прават гипсани облоги во станови, додека на 5 и 6 кат се комплетираат ѕидарските работи. Во моментов се расчистува и се прави припрема за ѕидање на 7 кат. Во вториот влез се работи на каблирање по станови на 2 и 3 кат.

09.04.2020

31.03.2020

Започнавме со поставување на прозори во првиот влез и го комплетиравме до 3 кат. Со машинско малтерисување во купатила сме во вториот влез, додека првиот влез е завршен до 3 кат, додека пак со ѕидање на фасадата и преградни ѕидови работиме на 5 и 6 кат.

18.03.2020

Во моментов се работи на неколку позиции на објектот. Започнавме со поставување на развод за одвод во купатила на прв кат. Со машинско малтерисување во станови сме на 2 кат, додека пак со ѕидање на фасадата и преградни ѕидови сме на 5 кат.

10.03.2020

Во моментов работиме на ѕидање на фасадните и преградните ѕидови на трети и четврти кат, а со спроведување на електрични кабли по станови сме до 2 кат.

03.03.2020

25.02.2020

Изградбата на објектот оди со супер темпо. Се работи на шаловање и армирање на последна плоча на платформа 900. На втор и трет кат се работи на ѕидање на фасада и преградни ѕидови, исто така и на бушење на отвори во плоча за одвод за купатила.

18.02.2020

12.02.2020

Во моментов работиме на шаловање и армирање на плоча на кота 25.24. Во тек е и ѕидање на фасадата и преградните ѕидови на прв и втор кат, а започнавме и со бушење на отвори во плоча за одвод на купатила.

04.02.2020

Во моментов работиме на шаловање и армирање на столбови и платна од кота 22.27 до кота 25.24, односно одиме кон 7ми кат. Во тек е и ѕидање на фасадата и внатрешните ѕидови на објектот.

 

28.01.2020

 

21.01.2020

Избетонирани столбови и лифтовско јадро од кота +19.30 до 22.27. Расчистување на спратови и припрема за ѕидарија.

25.12.2019

Во моментов работиме на армирање и шаловање на плоча на кота + 19.30.

12.12.2019

Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 13.36, односно ја подготвуваме плочата за третиот кат.

06.12.2019

04.12.2019

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 10.39, односно одиме кон втор кат.

27.11.2019

Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 7.42, односно за прв кат.

21.11.2019

14.11.2019

Во тек е армирање и шаловање на бетонската плоча на кота 0.0. Се подготвува арматурата за идните позиции.

07.11.2019

30.10.2019

 

22.10.2019

 

 

16.10.2019

Работите се одвиваат по посакуваното темпо. Се работи на шаловање на плоча и греди на кота – 5.64, платформа – 100. Се прави и припрема на арматура.

02.10.2019

Во моментов на објектот се работи на армирање на темелна плоча.

21.09.2019

 

22.08.2019

 

21.08.2019