Вака се функционира во 16 метри квадратни

design-small-apartment-

Овој малечок стан во Париз е резултат на соработката меѓу архитектите Marc Baillargeon и Julie Nabucet. Највоодушевувачкиот елемент на овој проект е скромната површина од само 16 метри квадратни. Веќе доста пишувавме за мали станови на нашиот блог, но мора да признаеме дека оваа просторија која претходно била спална соба многу нè изненади.

interior-small-apartment1

Токму како што се очекува од ваков неконвенционален дизајн, ова париско станче изобилува со креативни и инспиративни идеи. Ниската платформа меѓу дневната и кујната има многу попрактична намена отколку што би претпоставиле. Во случајов, го сокрива креветот или софата – во зависност од потребите на домаќините. Скалите кои водат до кујната служат како место за складирање, многу корисна алатка за брзо раскревање пред да дојдат гости (признајте, сте биле во ситуација да расчистите повеќе во оние 15 минути пред пристигањето на гостите, отколку во текот на целата недела :D). Уживајте во сликите и слободно додадете некоја ваша паметна идеја во текот на декорирањето! 🙂