Инспиративен мал стан од 60m² со симпатичнен амбиент

image_0163
Ова симпатично станче од 60 метри квадратни шармира со своите уникатни детали и светлиот простор. Неговите инспиративни елементи навистина можат да Ви помогнат да создадете сличен дизајн. Лоциран во Шведска, овој стан се одликува со оној класичен скандинавски шарм кој секогаш комбинира бело и неутрални нијанси со дрво и по некој елемент во силна боја.

Дневната соба има аголна гарнитура која е во складна големина со просторот, ТВ кабинет и простор за читање. Со неколкуте дрвени додатоци, голем камин и дабовиот паркет, целата просторија оддава чувство на топлина. Веднаш до дневната, малку подигната, се наоѓа прекрасна целосно опремена кујна. Дабовата работна површина дава униформиран изглед заедно со подот, и е убав контраст на мат белите плочки со кои ѕидот е обложен до плафонот. Во спалната соба исто така има камин кој внесува удобност во оваа просторија.