4° – идеалниот дом за хармонија во семејството

Едноставно е: „Ако нашите клиенти се задоволни – ние ќе бидеме уште позадоволни! “.

Кога градиме, избираме докажани материјали, користиме сигурни и модерни методи на градба и вградуваме најсовремени инсталации.

Најновото од Голден Арт, комплексот „4°“ само  ги потврдува правилата, а се издигнува над високите критериуми кои одамна сме ги поставиле. Проектиран е од врвен тим со долгогодишно искуство и со посебно внимание на вклопувањето во околината, зачувување на зеленилото и предвидена урбана опрема во склоп на комплексот.

Вистинските дијаманти од домови во „4°“ се четворособните станови во Вториот влез (Влез 2). Ориентацијата на овие станови е на запад, па би ве замолиле да си ја замислите онаа аристократска и мека златна светлина карактеристична за скопските есенски и пролетни зајдисонца која го заплискува овој дом преку големите вертикални прозори. Нивните претсобја се пространи, дневните соби се доволно големи за сопствено катче за секој член од семејството, а интимноста е решена со сразмерно големите спална и две детски соби.

Вашата бања и тераса во овие комфорни станови (достапни на различни катови – од 1 до 9 кат) ќе бидат елегантни како од списание, затоа што сите придружни, а неопходни елементи кои го чинат  домувањето можете да ги складирате во малечката помошна просторија. Другите асоцијации за убавите семејни пролетни и есенски моменти најчесто се врзани за она што се нарекува  „тераса“, па таа е неодминлив дел од овие совршено скроени 4-собни станови во „4°“ комплексот. Идеалниот  дом за сите четворица!

 

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на  071/225-888 или 075/225-888.

Локација: Аеродром

https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.

Корисни информации за објектот: https://www.goldenart.mk/katalog-komplekt-4/
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А