4 трендови во уредувањето кои се хит оваа година

Предмети од метал

На прво место се наоѓаат металните предмети бидејќи овозможуваат гламур и префинетост во секој простор. Слободно комбинирајте еден тип метал за централниот елемент во просторијата со друг тип метал за некоја споредна декорација.

metal

Принтови од природата

Овој тренд подразбира употреба на шари што може да се најдат во природата. Се препорачува умерено користење, особено кога се работи за впечатливи шари.

print

Геометрија

Доколку барате креативни решенија за уредување на просторот, употребете геометриски облици. Најголемата предност на овој тренд е што може да се вклопи со кој било стил или дизајн.

geometrics

Сина боја

Интензивните нијанси на сината боја, како на пример кобалтната, морнарската или кралско сината, се вистинскиот избор за оваа година. Употребете ја сината за да ги обоите ѕидовите или пак на подискретен начин преку понекој декоративен елемент или фотелја и табуретка.

blue