Сите нијанси на пролетта

640_April

Со првиот ден од април, освен стотици слатко маскирани дечиња по улиците и многу лажни тревоги во име на шегата, ни пристигнаа и првите навистина топли сончеви зраци.

Капутите уредно ги складиравме на дното на гардероберот, чисти и подготвени за следната студена сезона. Дебелите јоргани, ќебињата и декоративните прекривки се веќе непотребни, па во ентериерот се случува истата онаа дилема која жените ја имаат при промената на гардеробата низ годишните времиња – како просторот да изгледа стилски и модерно без слоевите ткаенина? Решението е едноставно – лесни материјали, шаренило и цветни принтови. А за комплетен погодок – цветните принтови заменете ги со вистинско свежо цвеќе како декорација, и онака е насекаде околу нас!

Не грижете се ни за цената, сето ова навистина може да го постигнете со остатоци од ткаенина, стари предмети, малку трпение и секако – љубов 🙂 А доколку сепак не сте премногу вешти, побарајте помош од вашиот кројач или креативен/а другар/ка 😉