50 нијанси сиво – во домот!

GH2011_Dining-Room-Wide-Shot_s4x3.jpg.rend.hgtvcom.966.725

Не, не се работи за некаква најава за филм, ниту пак актерите од филмот ќе доаѓаат да ја видат Македонија 😀

Едноставно, се работи за најуниверзалната и најмодерната боја во дизајнот на ентериер во последниве неколку сезони. Доколку сте едноставни класичари – ќе ја комбинирате со други нијанси на сиво, а доколку сте од оние кои не можат без малку жар, ќе ја искористите како совршена контрастна основа за сите живи бои. Наш предлог за комбинација се тиркизно-сината и темно-портокаловата боја, внесени преку разни детали – перници, ќебиња, па дури и столици и фотелји – изборот е огромен!

Сивата, која во ентериерот се вклопува како камелеон кој зависи само од деталите, можете да ја искористите и како студен тон кој асоцира на цврстина и грубост доколку ја комбинирате со метал, изложени цигли и црна боја. За среќа на сите нас кои имаме помека страна – сивата во исто толкава мера се преточува во топла и природна нијанса која оддава чувство на мир и спокој, доколку се комбинира со нежни заоблени форми и меки материјали. За овој елегантен, по малку и женствен изглед ќе допринесат белата боја, како и останатите земјени тонови како кафена и сите нејзини нијанси, пастелните бои и убавата светло-зелена.

Како што кажува и самиот наслов, за денес Ви подготвивме дури 50 идеи за декорација на домот. Спална, кујна, дневна или бања, Ваше е само да си најдете инспирација! 🙂