Природни материјали го красат овој уникатен дом во Киев

architecture-modern-home

Станот насловен „The True Apartment“, реализиран од SVOYA студиото за дизајн на ентериер, е приватен модерен дом лоциран во Киев, Украина. Дизајнерите се стремеле да развијат мирно прибежиште за домаќините да можат да го балансираат брзиот ритам на живот во метрополата.

Според дизајнерите, клиентите сакале да го претворат трособниот стан во дом со само две простории. Open-plan дневна соба, кујна и трпезарија и голема спална соба со многу простор за складирање и уникатна бања со стаклени детали.

design-modern-home

Просторот оддава чувство на груба, но сепак елегантна интимност, со користење на природни материјали и примеси на индустриски дизајн. Дрвени плочи од Карпатите се искористени во дневниот простор, а керамички плочки од локални грнчари го збогатуваат изгледот на главниот ходник.

Станот е декориран со елементи дизајнирани од самото студио, вклучувајќи светилки, столбови и некои од сликите. Нишалката за лежење во дневната и интересниот детал со поставувањето на свеќите со висечки светилки над нив додаваат топлина на целиот дом.

Гледате ли други детали кои Ви се допаѓаат?

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!