54m² шарм и функционалност

Scandinavian-apartment-5

Зачинет со случајно избрани живи бои, „голи“ греди и тенки метални детали кои потсетуваат на индустриски спој, овој прекрасен модерен стан кој се наоѓа на поткровје е, во најмала рака, инспиративен!

Многуте засебни катчиња вешто визуелно одвоени едно од друго, нудат инспирација за сечиј вкус.

Само еден поглед врз сликите и се чини неверојатно тоа што дизајнерите направиле толку многу со простор од само 54m² (кај нас добивате и дополнителна соба 😉 ) Open-plan дневната и трпезаријата делуваат како јадро на станот; облеани во природна светлина од стаклените врати и прозорци кои водат до преслатко декорираната тераса. Овој ентериер е не само функционален – туку и визуелно примамлив.

Боите истовремено се и контрастни и комплементарни една на друга, надополнувајќи се во композиција која изненадува и инспирира – ова е место кое оддава чувство на мир, но и разиграност. Просторна и впечатлива – спалната соба го прати целосниот дизајн на ентериерот, давајќи ново значење на зборот „удобно“.

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!