Карпош – вашата нова локација од соништата

blog12

Можеби прочитавте минатиот пат, доколку не, време е да прочитате тука – Аеродром доби сосема нов Ramstore супермаркет кој е буквално во домовите на нашите клиенти.

Остатокот од работниот викенд го продолживме во населбата Карпош 2, каде, како што веќе најавивме на Facebook, ги поставивме темелите на нашата нова зграда. Лоцирани веднаш спроти машинскиот Факултет, овие домови ќе го имаат препознатливиот квалитет кој секогаш се стремиме да го подобруваме.

Тимот на архитекти обично сака да ги чува информациите во тајност, но нашиот детективско-блогерски тим, само за вас дознава дека зградата ќе има 8 ката. Во секој од двата влеза ќе има по околу 60 станови со најразлична квадратура и простор распореден ефикасно како никогаш досега, а  за тоа ќе се уверите во продолжение.

Како што е редот и македонската традиција, беа испочитувани сите обичаи во поставувањето на темелите – за среќа и градба без проблеми, и хармонија и среќа во секој дом. На крајот сите гости беа почестени со мала вкусна закуска 🙂

Се работи деноноќно, нашите посветени и вредни работници уште еднаш на дело ќе ги покажат своите вешти раце, па ги поздравуваме и им посакуваме целиот процес да тече лесно.

И за крај, како подарок за нашите читатели, од тимот на архитекти урадовме две скици на станови и сега имате прилика да ги видите пред било кој (после ако не ни го читате блогов редовно срам да ви е 😀 😀 )! Првиот има 38 метри квадратни и е совршен за сите со ограничен буџет, но и оние кои се љубители на предизвиците во уредувањето на домот, а вториот е совршено распореден стан од 69 метри квадратни, со три спални соби и две тераси. Грабнете си еден додека сè уште има! 😉