Дневникот на една зграда: 4°

Започнува нова приказна во Скопје! Ви го претставуваме комплексот 4°- новата димензија на модерното живеење.

4° е лоциран на потегот помеѓу бул. “3-та Македонска Бригада” и бул. “Србија” (Општина Аеродром) и го креиравме имајќи го на ум сето она што едно семејство заслужува да го има на дофат на дланка.

Создаваме средина во која секој ден ќе Ви биде исполнет со уживање!

Локација: Аеродром

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.

Корисни информации за објектот:
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.

05.03.2024

Комплетирана натсрешница за гаражи на влез 1. Изработка на фасада на приземје околу локали на источна страна. Влез 3 се работи на повеќе позиции. Се поставуваат плочки на 8, 9 и 10 кат, се прави припрема за поставување на паркет на 1 кат. Глетовање на тавани на 6 кат, додека пак на 3 кат се шмирглаат и прави припрема за молерисување. Поставување на држачи за стакло на француски балкони.

19.02.2024

На објектот се работи активно на повеќе позиции. Започнавме со партерно уредување на влез 1, а во влезот се поставени и поштенски сандачиња. Се прави и челична конструкција за рампа. Во влез 2 започнавме со финално чистење на становите од 1 кат. На 11 кат во тек е изработка на фасада. Во третиот влез се поставуваат плочки во кујни и купатила на 8, 9 и 10 кат, а се отпочна и со поставување на плочки на балкони.

22.01.2024

На објектот се работи активно на повеќе позиции. Во првиот влез се работи на покривање на челична конструкција за непроодна тераса на 11 кат, како и на поставување на портали на деловни единици. Во вториот влез до 5 кат е поставена санитарија во купатила, додека пак до 7 кат се поставени собни врати во станови. На 8 кат се монтираат внетрешни единици за греење и ладење, додека пак на 10 кат се поставува паркет. На 11 кат се молерисуваат со прва рака ѕидови и плафони. Во третиот влез се работи на монтажа на плочки во кујни и купатила на 7 кат, а комплетирано е поставувањето на шини, конзоли и врати од лифтови.

07.12.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции во трите влеза. Во влез 1 се работи на монтажа на алубонд на челична конструкција за клими, поставување на алуминиумски профили за портали за деловни простории. Монтажа на санитарија на 11, 10, 9 и 8 кат. Поставени ѕидни плочки во влезна партија. Покривање на челична конструкција за непроодна тераса. Во влез 2 се поставува паркет на 7 кат, комплетирано поставување на декоративни плочки во ходници. Поставување на внатрешни единици за греење и ладење од 1 до 3 кат. Поставување на собни врати на 1, 2 и 3 кат. Молерисување со прва рака на ѕидови и плафони на 9 кат. Во влез 3 се глетоваат плафони на 5 кат, а пак на 4 и 5 кат се поставуваат плочки во кујни и купатила. На 10 кат се изработува цементна кошулица.

23.11.2023

09.11.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции во трите влеза. Во првиот влез се изработува за рампа за влез во гаражен простор. Комплетирано е поставувањето на плочки околу лифтови. Во вториот влез на 3 кат се работи на поставување на паркет во станови, а се отпочна и со монтажа на панели на блиндор врати. Со поставување на внатрешни клими сме до 5 кат, додека пак на 7 кат се прави шмирглање на ѕидови и припрема за молерисување. Во третиот влез се отпочна со поставување на плочки во кујни и купатила на 1 и 2 кат, додека на 6 кат се поставува цементна кошулица. На фасадата се поставува стиропор со дп 10 см, додека на балконите се поставува стиропор со дп 5 см.

19.10.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции во трите влеза. Во првиот влез поставени се внатрешни и надворешни единици за греење и ладење до 10 кат. Во вториот влез комплетирано поставување на плочки во станови, во моментов се работи на поставување на плочки во ходници на 2 кат. Молерисување на ѕидови со прва рака на 4 кат. Комплетирана фасада на влез 2. Во третиот влез се поставува цементна кошулица на 5 кат, со машинско малтерисување со гипсан малтер сме до 6 кат. На фасадата се поставува стиропор со дп 10 см, додека на балконите се поставува стиропор со дп 5 см.

29.09.2023

13.09.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции во трите влеза. Во влез 1 со монтажа на внатрешни единици на ѕидни клими сме на 5 спрат, додека со поставување на гранит на скали сме до ниво минус 2. Во влез 2 на 4 кат молерски работи, шмирглање  на внатрешни ѕидови во станови, додека до 5 кат се монтирани блиндор врати. На 7 и 8 кат се поставуваат ѕидни и подни плочки во купатила, а поставувањето на цементна кошулица е комплетирана во целиот влез. На западната страна се поставува абриб на фасадата. Во влез 3 се работи на молерисување ѕидови во скалишен простор со ренова цементен малтер, додека со МП гипсен малтер сме до 4 кат. На 4 и 5 кат се прави инсталација за водовод и парно, додека пак на 1 и 2 кат се работи на монтажа на фасадна столарија.

31.08.2023

23.08.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции во трите влеза. Во влез 1 се отпочна со монтажа на внатрешни единици на ѕидни клими на 1 спрат, собни врати завршени до 8 спрат, додека пак на 11 кат се прави изработка на настрешница на тераса.
Се работи и на монтажа на надворешни окапници на прозори, исто така и монтажа на лифтови. Во влез 2 на 1 кат молерски работи, шмирглање и кречење на внатрешни ѕидови во станови, додека на 1, 2 и 3 кат се монтираат блиндор врати. На 5, 7 и 8 кат се поставуваат ѕидни и подни плочки во купатила, додека на 11 кат се работи на глетовање на плафони. До 10 кат е поставена цементна кошулица. Во влез 3 се работи на молерисување ѕидови со ренова цементен малтер, и со МП гипсен малтер.

26.07.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции на трите ламели. Во прв влез се поставуваат собни врати во станови на 6, 7, 8 и 9 кат, со поставување на челични конструкции за надворешни единици сме до 5 кат. Во втор влез на 4 и 5 кат се работи на поставување на плочки во станови, на 5 кат се прават гипс облоги во ходници, додека пак на 9 кат се поставува цементна кошулица во станови. Прозорските крила се поставени до 10 кат, а во моментов се работи и на нанесување на мрежа и лепак на фасада на источна и западна страна. Во влез 3 се работи на инсталација на довод и одвод на вода на 2 кат. На 6 кат со цементен малтер се малтерисуваат кујни и купатила, додека пак со исполна на греди и столбови сме до 5 кат.

14.07.2023

28.06.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции на трите ламели. На ламела 1 се поставуваат паркет лајсни и моментално сме до 4 кат, додека пак со поставување на паркет сме до 8 кат. На 1 кат се отпочна со монтажа на галантерија на електрика. На ламела 2 на 1 и 2 се поставуваат плочки во кујни и купатила, додека на 6 кат се изработува цементна кошулица во станови. На 9 кат со гипсан малтер се малтерисуваат ѕидовите во становите.

13.06.2023

26.05.2023

09.05.2023

05.04.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции на трите ламели. На ламела 1 се работи на поставување на хантер даглас во купатила на 8 кат, на 7 кат се шмирглаат ѕидови и плафони и се прави припрема за молерисување со втора рака. Поставени се плочки во ходници, додека пак од 3 до 10 кат се работи на поставување плочки по балкони. На ламела 2 се започна со монтажа на вградени казанчиња во купатила на 1 кат. На ламела 3 се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 5 и 6 кат.

15.03.2023

09.03.2023

На објектот работиме со супер темпо. На ламела 1 се работи на поставување мрежа и лепак на фасадните ѕидови на источна и северна страна. Со прва рака молерисување на ѕидови и плафони во станови сме до 5 кат. Комплетирано до 11 кат со постававување на блиндор врати, на 10 и 11 кат се работи на лепење плочки во кујни и купатила. На ламела 2 се ѕидаат фасадни и преградни ѕидови на 11 кат, а пак на 5 кат се работи на спроведување кабли по станови, додека еден кат подолу, односно на 4 кат се прави исполна на греди и столбови со мк75. На ламела 3 се бетонира плоча на платформа 1.000. А започнавме и со ѕидарија на 1 и 2 кат.

23.02.2023

16.02.2023

На објектот работиме по посакуваното темпо. На ламела 1 се работи на поставување стиропор на фасадните ѕидови на источна и северна страна. Започнавме со прва рака молерисување на ѕидови и плафони во станови, исто така и со поставување на стански табли, поврзување и испитување на електрична инсталација. До 6 кат се поставени блиндор врати, додека пак на 8 кат се работи на лепење плочки во кујни и купатила. На ламела 2 се ѕидаат фасадни и преградни ѕидови на 9 и 10 кат, а пак на 3 кат се работи на спроведување кабли по станови. На ламела 3 се бетонираат столбови и платна кон платформа 700.

09.02.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции на трите ламели. На ламела 1 се поставуваат плочки на 6 и 7 кат. На фасадата од ламела 1 се поставува стиропор од 10см. На ламела 2 се ѕидаат преградни и фасадни ѕидови на 8 и 9 кат. На 3 кат поставени лајсни на греди и столбови, додека на 2 кат се работи на спроведување на кабли во станови. На ламела 3 се работи на армирање и припрема за бетонирање на плоча на платформа 500.

02.02.2023

25.01.2023

На објектот се работи активно на повеќе позиции на трите ламели. На ламела 1 се поставуваат плочки на 5 кат, на 9 кат се поставува цементна кошилица. На ламела 2 се ѕидаат преградни и фасадни ѕидови на 7 и 8 кат. На 3 кат поставени лајсни на греди и столбови, додека на 2 кат со МП 75 се прави исполна на греди и столбови. На ламела 3 се работи на шаловање на плоча за 2 кат.

17.01.2023

29.12.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции на трите ламели. На ламела 1 се поставуваат плочки на 3 и 4 кат, на првиот кат се отпочна со поставување на гипс облоги во ходници, а пак на 7 кат се работи на поставување на цементна кошулица. На ламела 2 се ѕидаат преградни и фасадни ѕидови на 3, 4 и 5 кат, на 2 кат се поставуваат лајсни на столбови и греди. На ламела 3 се прави припрема за бетонирање на столбови и платна на кота 4,50.

09.12.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции на двете ламели. На ламела 1 започанавме со поставување на плочки на 1 и 2 кат во кујни и купатила. На 3 кат се шмирглаат ѕидови и се прави припрема за молерисување. На фасадата, односно на балконите се поставува стиропор. На ламела 2 се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 2 и 3 кат,  додека на 1 кат се поставуваат гипсани облоги. На ламела 3 се шаловаат и се прави припрема за бетонирање на столбови на кота -2.60.

22.11.2022

Работиме по посакуваното темпо. На ламела 3 се работи на шаловање на платно и шаловање на темелни стопи. На ламела 2 се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови. На ламела 1 се работи на повеќе позиции, на 3 кат се поставува цементна кошулица, на 4 кат се бандажираат гипс облоги, а до 6 кат се поставени гипс облоги по станови. На 11 кат се поставуваат прозори.

08.11.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции на двете ламели. На ламела 1 започнавме со изработка на цементна кошулица на 1 кат во станови, до 3 кат се поставени гипс облоги, а пак на 5 кат се работи на шаловање на парапети на балкони. До 6 кат се поставени прозори во станови, а пак на 7 кат се работи на глетовање на тавани и ѕидови, додека на кровот се изработува метална конструкција. На ламела 2 се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 1 и 2 кат, додека на 11 кат се бетонира плоча.

13.10.2022

На објектот се работи посакуваното темпо. На ламела се поставуваат кондензи за клими по станови на 2 кат, на 6 кат се глетоваат со втора рака плафоните во станови. Се поставува скеле на северна страна за започнување за изработка на фасада. На ламела 3 се прави ископ.

29.09.2022

15.09.2022

На објектот се работи со супер темпо. На ламела 2 се армира и шалова плоча на кота +7.45. На ламела 1 на првиот кат се работи на развод на вода во кујни и купатила, додека пак на 5 кат се поставуваат вградени казанчиња во купатила. На 4 кат се глетоваат столбови и греди, а пак на 8 кат се нанесува цементен малтер во кујни и купатила. На 10 кат се прават дупки за вертикали за одвод по балкони.

12.09.2022

24.08.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции на двете ламели. На ламела 1 на првиот кат се отпочна со поставување на казанчиња во купатила. На 4 кат се нанесува цементен малтер во кујни и купатила, додека на 7 кат се работи на исполна на греди и столбови со МП75. На 8 кат се работи на спроведување на електрика по станови. На ламела 2 се шалова плоча на кота 0.0.

17.08.2022

28.07.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции на двете ламели. На 4 кат со гипсан малтер се малтерисуваат ѕидовите во становите, додека на 5 кат се работи на каблирање по станови. На 7, 8 и 9 кат се поставуваат фаши на столбови и греди. На ламела 2 се прави припрема за бетонирање на столбови и платна на кота -5,20.

13.07.2022

05.07.2022

23.06.2022

На објектот се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 9 и 10 кат на ламела 1, а со спроверување на кабли во станови сме на 3 кат.

07.06.2022

На објектот се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 8 кат на ламела 1, се комплетираа дупки за одвод, се работи на спроверување на кабли во станови на 1 кат.

03.06.2022

На објектот се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 8 кат на ламела 1, се прават дупки за одвод на 6 кат, а започнавме и со спроверување на кабли во станови на 1 кат.

18.05.2022

На објектот се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 6 кат на ламела 1.

05.05.2022

На објектот се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 5 кат на ламела 1, a се прави припрема за ѕидарија на 6 кат.

20.04.2022

На објектот се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 4 кат на ламела 1.

12.04.2022

На објектот се работи на ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 2 и 3 кат на ламела 1.

23.03.2022

Армирање и шаловање на последна плоча на ламела 1. Зидање на преградни и фасадни ѕидови на 1 кат.

17.03.2022

03.03.2022

Се работи на армирање и шаловање на столбови и платна од платформа 900 до платформа 1.000 на ламела 1.

23.02.2022

Армирање и шаловање на плоча и греди на платформа 800 на ламела 1, ископ на ламела 2.

10.02.2022

Бетонирана плоча на платформа 500. Се работи на армирање и шеловање на столбови и платна од платформа 500 до платформа 600 на ламела 1.

02.02.2022

25.01.2022

Армирање и бетонирање на плоча на кота 7.45 на ламела 1.

20.01.2022

28.12.2021

Шаловање и армирање на плоча на кота 0.0 и плоча на кота +0.18 на ламела 1.

16.12.2021

Шаловање на столбови, шаловање на платно и бетонирање од кота -5.20 до кота -4.60.

25.11.2021

Ископ, армирање и припрема за бетонирање на темели.

17.11.2021

11.11.2021

Се отпочна со ископ на новиот објект.