Функционален дом за шестчлено семејство

architecture-modern-loft

Овој семеен стан во Трибека, Њујорк, е реализиран од Ghislaine Viñas и оддава прекрасно чувство на радост и разиграност. Опишан како „Нашиот највесел проект“ од страна на дизајнерите, овој дом за семејство со четири деца има посебно катче за секој член од семејството.

Тематското декорирање и варијациите на бои ја зачинуваат шемата на дизајнирање. „Најстарата ќерка доби своја соба со интересен кревет и многу персонализирани детали“ – вели дизајнерот. „Трите момченца делат една соба, и поради тоа што имавме доволно висина на собата, можевме да создадеме креветчиња на три ката посебно за нив. Ентериерот е машки, со среќен пират нацртан на ѕидот и палета на црна, бела и зелена боја“.

design-modern-loft

Главниот дневен простор е инспириран од данскиот дизајн. „Дрвениот мебел во светла боја е акцентиран со специфичната розева боја и разиграниот шарен килим,“ – вели Вињас. „Кујната е целосно по мерка, со бетонирана работна површина и стаклен бексплеш (за кој пишувавме не толку одамна, прочитајте тука), во истата силна розева боја како во дневната.“

Трпезаријата овозможува доволно место за седење, но и за вистинско кулинарско шоу 🙂 ГЛавната спална соба, дизајнирана во зелени и неутрални нијанси за смирувачки ефект, вклучува обновени ноќни масички и уметнички дела од Австралија – родното место на сопствениците. Просторот за складирање бил паметно испланиран, оставајќи ги отворените површини на станот чисти и уредни.

Совршен дом, зар не? 🙂