Префинетост и инспирација од срцето на Њујорк

modern-apartment-Freshome-02

Се чини зачестивме со Њујоршкиот дизајн, но не е ни чудо кога токму оваа „џунгла од бетон“ е епицентарот на модата и урбаното живеење. Убаво скоцканиот ентериер кој ќе го видите на сликите подоле е лоциран во зграда на Авенијата Парк. Комбинирајќи модерни елементи со класична префинетост, дизајнот на овој дуплекс вклучува интересни идеи кои може да ги „украдете“ за декорирањето на Вашиот дом од соништата.

Дневната соба е просторна и нуди многу природна светлина во текот на денот. Сивиот тапет прави ѕидовите да бидат поистакнати од обично, додека пак контрастната палета на бои – црно, бело, сиво во комбинација со жолтата боја, на просторот му даваат живост, разиграност, но во исто време и она што ни треба на сите – мир. Кујната и спалните се во хармонија со остатокот од дизајнот и во целост даваат впечаток на ултра-модерен дом пријатен за живеење.

Доколку Ви се допадна овој дизајн, на Вас останува само да се впуштите во потрага по совршените елементи за копирање на стилот. А кога барате дом по мерка, кој ќе трае со генерации- тука сме за да ги исполниме сите Ваши желби и очекувања, кликнете тука за да видите како најлесно да ги дознаете одговорите на сите Ваши прашања. Ве очекуваме!