ИДЕИ ЗА ДЕКОРАЦИЈА НА ВАШАТА СПАЛНА СОБА

simple-modern-design-horizontal-line-two-tone-wall-color-in-bedroom-with-grey-bed-applied-on-the-cream-rug-cana-dd-the-beauty-inside-bedroom-design-ideas

Ако Вашиот вкус го менувате често кога станува збор за декор и користите основна шема на бои, тоа може да ѝ даде на Вашата спална сосема нов изглед. Доколку сте заситени од сегашниот изглед на собата во која го поминувате своето време ние решивме да Ви понудиме неколку идеи за тоа како да ја декорирате. Дизајнерите за внатрешен ентериер на Хоум & Гарден Телевизијата во Америка се одлучија да споделат неколку совети за декорирање на Вашата соба, а ние со задоволство Ви ги пренесуваме! 🙂

Расцветана Сплана соба

Спијте меѓу убавината на природата. Кога ткаенината ќе се спои со цветни дизајни и пролетни бои како зелената и цветно розевата, оваа комбинација и дава чувство на градина на Вашата спална соба. За да ја разбиете палетата на пастелни бои можете да внесете декор во црна боја.

Романтично црвена

Црвена спална соба може да биде драматична и впечатлива, но исто така може да биде и мека и привлечна. Кога црвените ѕидови се во комбинација со кадифено бела боја, оваа соба е исполнета со ромнтика и страст.

Топла и пријатна атмосфера

Користете палета на длабока чоколадна кафена боја за да создадете богат и раскошен изглед. Сето ова во комбинација со бела постелнина и светли акценти на друг вид на декор ќе го спречи чувството на темнина во Вашата спална соба.